„Фајзер“ не дозволил препродавање на вакцините кои Србија сакаше да ни ги отстапи, а потоа се појавиле пречки и тие да ни бидат донирани, објасни премиерот Зоран Заев.

– Ќе најдеме начин некогаш да се оддолжиме – рече Заев.

Тој вели дека не чувствува одговорност за доцнењето на вакцинацијата против ковид-19.

– Секако не, гледате дека и во земјите каде е тргната вакцинацијата има проблеми – одговори Заев на прашањето дали се чувствува одговорен за ова што се случува.

„Не се работи овде за тоа дали некој направил сè или не направил. Не сакаме да има конкуренција меѓу земјите“, дополни тој.