Премиерот Зоран Заев соопшти дека дал насоки за нарачка на 100 илјади вакцини „Спутник В“.

– Да, би нарачале од Спутник, дадов насоки како што ме информираа дека има капацитет за уште дополнителни 100 илјади да нарачаме од таму нарачка. Значи се што постои од вакцина направивме нарачки, договори, воспоставивме контакти се со конечна цел процесот на вакцинација да не прекине – рече Заев.

Тој вели дека во координација со министерот за здравство добил информација дека имаме капацитет согласно планот за предвидување, а согласно склучените договори и платени аванси да направиме и дополнителна нарачка од 100 илјади вакцини која би го дополнила планот, а не би создала вишок вакцини.

– Оваа недела ги очекуваме првите информации дефинитивно од Европската Унија заради тоа што е крајот на февруари и нашиот директен договор со Фајзер што го имаме направено. Понатаму преку ковакс механизмот очекуваме последна недела од февруару и од Кина вакцини и конечно планот кој е направен за дополнителни нарачаки – рече Заев.