И вториот резултат од тестирањето на министерот за здравство Венко Филипче е негативен на коронавирус, информираат од ресорното министерство.

– Денеска го добив резултатот од мојот втор тест на ковид-19, кој исто како и првиот е негативен. Со ова, практично, завршува мојата 14-дневна изолација која ја спроведов на сопствена иницијатива, и покрај тоа што епидемиолозите не сметаа дека сум во ризик. Продолжувам да управувам со сите активности на министерството и ситуацијата со коронаирусот во земјата. Им благодарам на сите за поддршката – посочи мистерот кој додаде дека од денеска продолжувa со вообичаениот начин на работа во Министерството за здравство.