Двонеделниот државен карантин за 99 лица, кои беа сместени во хотелот “Молика“ на Пелистер заврши. Сите кои беа сместени го напуштија хотелот на 15 април.

Во текот на вчерашниот ден, по извршена дезинфекција и потребни подготовки, во објектот се примени нови 94 лица кои, согласно новите одредби, ќе бидат во продолжен државен карантин од три недели.

Новата група ја сочинуваат граѓани кои се вратени од Турција, Словенија, Швајцарија и Австрија.

За потребите на државните институции на располагање се ставени и хотелите на АД ЕСМ на Попова Шапка, „Славија“ и „Попова Шапка“, каде во следните денови се очекува исто така да истече карантинскиот период на 154 лица кои во моментот се сместени таму, се вели во соопштемието на АД ЕСМ. М.М.