Владата им се заблагодарува на телекомоператорите што ја прифатија препораката со СМС пораки да ги известуваат граѓаните на општините Дебар и Центар Жупа за мерките и советите за справување, заштита и спречување на коронавирусот.

Пораките што ќе ги добиваат граѓаните ќе бидат поврзани со најновите информации и препораки, а првата СМС порака што ја добија граѓаните е со следната содржина:

Препораки за граѓаните на Дебар и Центар Жупа од Владата на Република Македонија:

1. Останете дома, освен за итни и неодложни работи. Почитувајте ги препораките на Министерството за здравство. Не се собирајте во групи.

2. Доколку имате симптоми на корона вирус (слични на настинка или грип) веднаш одете во Болницата во Дебар.

3. Ќе продолжат да работат само продавници за храна, аптеки и бензински пумпи. Банките и Поштата ќе работат со скратено работно време.

4. Доколку ви треба помош за испорака на храна или лекови, јавете се на телефоните на регионалниот центар во Дебар: 046/831-051.

Од сите нас зависи. Да бидеме безбедни и здрави!