Евроамбасадорот, Самуел Жбогар, најави дека Европската Унија ќе ѝ помогне на Македонија во борбата против коронавирусот со 66 милиони евра.

– Заедно сме во борбата против овој злобен вирус. Во ова тешко време, ЕУ ќе ја поддржи Северна Македонија со четири милиони евра за итни потреби, 50 милиони евра за социоекономско опоравување, девет милиони евра за приватниот сектор, три милиони евра директна поддршка за буџетот – напиша Жбогар на „Твитер“.