На денешната владина седница дополнета е Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствено осигурување за време на вонредна состојба, со што и шест месеци по престанокот на вонредната состојба се уредува можноста пропишување и издавање на лекови без хартиен рецепт, односно можност за електронско препишување на лекови.

Воедно, со овие измени и дополнувања се предвидува ослободување од партиципација на осигурениците при користење на здравствените услуги поврзани со дијагностицирање и лекување на коронавирусот и за овие одредби се предвидува примена со повратно дејство од 26 февруари годинава, согласно членот 52 од Уставот.