Фото: Зоран Антоски

Kоронавирусот денес ја зеде и првата жртва во Кичево. Се работи за лице на возраст од 58 години, од веќе познат кластер. Во текот на денешниот ден во оваа општина има евидентирано уште едно лице со ковид-19. Во Кичево досега се евидентирани 10 случаи на инфицирани со коронавирусот, од кои тројца се излекувани, еден починат и шест активни случаи, вклучувајќи го и новозаразениот од денес.

Во градот по оваа вест граѓаните се уште повеќе загрижени, ги има во помал број на улица и покрај убавото време, а повеќето од нив носат заштитни маски и каде што тоа не е задолжително, како на отворен простор, кога се сами или со член од потесното семејство. Општинскиот кризен штаб е во постојана координација и одржува редовни состаноци, со цел состојбата со коронавирусот да се држи под контрола. З.А.