фото: Зоран Антоски

Во периодот од 7 часот на 18.04.2020 до 7 часот 19.04.2020 година, едно лице од Кичево ја прекршило забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот, ковид-19.

Против ова лице ќе биде поднесена кривична пријава во согласност со член 206 од Кривичниот законик, „непостапување според здраствени прописи за време на епидемија“.

Во истиот период не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и други казнени дела. Непречено се одвива контролата на лицата кои се под мерките државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација, нема регистрирано нови лица со решение за изолација . Во исто време во општина Кичево извршени се контроли врз 26 лица кои се во самоизолација и кај нив не се регистрирани неправилности.

Во исто време полициските службеници во регионот на СВР Охрид извршиле 77 контроли врз угостителски објекти, од кои дел и во Кичево и, во тој поглед не се регистрирани неправилности или прекршување на законот. Од СВР Охрид апелираат до граѓаните строго да ја почитуваат одлуката на Владата за забрана на движење на граѓаните на целата територија секој работен ден од понеделник до петок од 16 до 05 часот, како и за време на продолжениот викенд, кога се одбележува големиот христијански празник Велигден.
З.А.