Фото: Архива

Во последниве 24 часа има 67 позитивни пациенти на коронавирусот, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

Еден пациент починал во последново деноноќие, а 25 лица се оздравени.

На клиниката за Инфективни болести примени се шест нови пациенти. На клиниката има вкупно 40 пациенти, од кои нема пациенти кои дишат со помош на респиратор, а 16 се на кислородна поддршка.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 27 пациенти, од кои шест дишат со помош на респиратор.

На Инфективното одделение во Битола има 7 пациенти, во Штип – 14, а во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп има 27 хоспитализирани пациенти.

Филипче изјави дека има нов кластер во Тетово, од еден правен субјект и 40 лица оттаму се во изолација. Раст на бројот на заболени има и во Липково.

Подетални информации за дистрибуцијата по општини, Филипче најави за подоцна во текот на денот.