Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека изминатата седмица, во периодот од 15 до 22 август, во општина Прилеп имало 61 нов случај на ковид-19. Од последици на коронавирусот починало едно лице.

Бројот на активни случаи со ковид-19 изнесува 142. На болничко лекување се наоѓаат 19 лица, од кои шест се на кислородна поддршка.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 во Прилеп изнесува 8.497, а од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 428 лица.

Според информациите, меѓу новозаразените има и лица со примена вакцина. Ка.М.