Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 11 нови случаи на коронавирус, а 6 лица оздравеле од заразната болест.

Бројот на активни случаи изнесува 129, од кои 99 се наоѓаат на домашно, а 30 на болничко лекување.

Од последици на коронавирусот, почина едно лице на 80-годишна возраст.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 253 лица.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 684. Ка.М.