Во општина Прилеп денеска има еден новозаболен од коронавирус, а две лица оздравеле од заразната болест. Бројот на активни случаи со ковид-19 изнесува 29. Од нив, 21 лице се наоѓа на домашно лекување, тројца се хоспитализирани во Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, а петмина се наоѓаат во Клиниката за инфективни болести и во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Како последица на коронавирусот, почина едно лице на 73-годишна возраст.

Во самоизолација се наоѓаат 42 лица. Заради неносење на заштитни маски, на 18 граѓани име се изречени прекршочни пријави. Ка.М.