Фото: Каролина Мицевска

Во општина Прилеп денеска има еден нов случај на заболен од коронавирус, а Центарот за јавно здравје не регистрирал новооздравени од оваа заразна болест;

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 14 лица, од кои 12 се позитивни на коронавирус. Во делот за изолација се наоѓаат двајца пациенти кои се негативни на ковид-19.

Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека од утре, 28 мај, започнува таргетираниот скрининг за вработените во градинките на територија на општините Прилеп, Крушево, Македонски брод и Кривогаштани.

– Тестирањето се спроведува со посебен протокол, а земањето на материјалите ќе се организира по теренски принцип, односно со земање на терен во објектите на градинките, согласно нивниот план и во договор со установите. Закажувањето е преку системот „Мој термин“. Тестирањето ќе трае два дена, четврток и петок, при што ќе бидат тестирани околу 230 вработени во градинките – велат надлежните, потенцирајќи дека земените материјали се доставуваат до вирусолошката лабораторија при Институтот за јавно здравје, со цел паралелно на овој процес да се изготви протокол за работа на градинките и тие да се стават во функција.

Ка.М.