Во општина Прилеп по неколку дена, денеска има еден новозаболен од коронавирус, а 12 пациенти оздравеле од заразната болест.

На Инфективното одделение во прилепската општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се шест лица позитивни на коронавирус.

Досега вкупно се регистрирани 212 лица заразени од ковид-19. Бројот на активни случаи во моментов изнесува 30, од кои 12 се наоѓаат на болничко, а 18 лица на домашно лекување.

Резултатите од направениот скрининг на вработените во детските градинки, ќе биде познат утре. Ка.М.