фото: Зоран Антоски

Од последните тестирањата што беа извршени во земјава во Кичево е регистриран еден новозаболен од ковид-19 , со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 49, четириесет лица се сметаат за активни, 8 лица се излекувани, додека едно лице почина.
И денес ни беше потврдено од член на Кризниот штаб, дека и новозаболените се од веќе познати кластери, а поради полесна клиничка слика, поголемиот дел се наоѓаат на домашно лекување, што влева дополнителен оптимизам за нивно скорешно оздравување.

Општинскиот кризен штаб континуирано ја следи состојбата во општината, за да не дојде до пораст на новоинфицирани од ковид-19 и апелира до граѓаните да се држат до препораките, во затворено задолжително да носат маски а на отворено да се придржуваат до пропишаното растојание и да не се групираат.

З.А.