Фото: Архива

Сите заедно тежнееме кон што побрзо враќање во нормалност и да ја спасиме и зајакнеме нашата економија, но секое враќање во секојдневната рутина обврзително треба да се проследи со бескомпромисно почитување на мерките за заштита од граѓаните за да се спречи зголемувањето на бројката на заразени, истакна претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

– Непочитувањето на мерките и безгрижноста може да создаде непредвидливи долготрајни последици кои ќе му наштетат на целото општество. Затоа, Централниот Изборен Штаб на ДУИ, во согласност со новите околности и предвидувања за следните недели, ќе реализира интензивни консултации со институциите и експертите и своите проценки и одлуки ќе ги превземе во согласност со препораките на експертите кои не смеат да бидат под политичко влијание, туку треба да се однесуваат одговорно кон јавното здравје. ДУИ апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, носењето на заштитните маски, физичката дистанца, да одбегнуваат секакво собири и да одржуваат лична хигиена на ниво – соопшти Ахмети.