На денешната владина седница усвоена е информацијата за склучување договор за преземени обврски помеѓу Владата и Глобалниот сојуз за вакцини (GAVI ALLIANCE), за набавка на вакцини за ковид-19 преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини протв коронавирусот.

Како што информираат од владината прес-служба, на седницата прифатен е текстот на Обврзувачкиот договор за набавка на вакцините.

Владата побара од Бирото за јавни набавки да предложи најсоодветен начин за остварување на оваа набавка и го овласти министерот за здравство, Венко Филипче, да го потпише договорот за преземни обврски со Глобалниот сојуз за вакцини.

Во координација со Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на Владата треба да се обезбедат потребните финансиски средства за да се изврши уплата на аванс и да се обезбеди финансиска гаранција согласно потпишаниот договор за преземени обврски со GAVI ALLIANCE .