Од Центарот за јавно здравје во Прилеп информираат дека изминатата седмица, во периодот од 31 мај до 6 јуни, во општина Прилеп имало 10 нови случаи на ковид-19. А од последици на коронавирусот починале две лица.

Бројот на активни случаи со ковид-19 во Прилеп изнесува 32. Во болнички услови се
лекуваат четири лица, од кои двајца се на кислородна поддршка, додека на домашно
лекување се 28 лица.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 во градот изнесува 8.311, а од почетокот на
пандемијата, од коронавирус починале 426 лица.

Од прилепската болница велат дека непречено се врши имунизацијата на граѓаните. Овие денови прдност за вакцинирање имаат повозрасните граѓани, додека од идната недела ќе се вакцинираат и помлади, кои се пријавиле на вакцинација.мк. Ка.М.