По многубројните реакции на оние што имаат домашни миленичиња, се донесе одлука за време на викендите тие да може да се шетаат од 20 до 20:30 часот.

– На денешната седница донесовме измени на уредбата за ограничено движење за да им се излезе во пресрет на домашните миленици – за време на викендите дозволено е шетање на милениците од 20:00 до 20:30 часот, најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, без групирање – напиша на Твитер техничкиот премиер Оливер Спасовски.