Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски, на социјалните мрежи објави дека вчера доцна добил позитивен тест на ковид-19.

– Се чувствувам добро, а од дома ги вршам сите тековни активности и обврски. Истовремено, би сакал да нагласам дека според сите протоколи, ФИТР ќе продолжи да функционира непречено бидејќи од самиот почеток во Фондот се работи во различни смени и во огромна мера дигитално, односно без дополнителни физички контакти – наведува во објавата Деспотовски.

Тој нагласи дека како и секој пат кога се појавило сомнеж, ќе биде спроведено тестирање за вработените, како и преземање на мерки за изолација секаде каде што ќе биде тоа препорачано.