Министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на Сител рече дека децата ќе бидат ослободени од задолжителен ПЦР тест за влез во Македонија.

– Ќе бидат секако ослободени. Потребите за вакцинација е насочена кон полнолетните граѓани, над 18 години. Сметам дека мерките и досега дадоа резултат. Гледаме дека изминатата недела, откако беа најавени, зборувам за овие коишто се денеска се во сила, значајно се зголеми интересот за вакцина. Во еден момент достигнавме и до осум – девет илјади граѓани кои се пријавија и се вакцинираа во текот на еден ден. Минатата недела се дадоа околу 50.000 дози. Значајно се зголеми опфатот на вакцинација – рече Филипче.

Појасни дека досега околу 4.000 деца на возраст од 12 до 16 години се вакцинирале против вирусот.