Најмалку 18 лица беа уапсени, а над 70 добија опомена, според неофицијални информации, бидејќи не поседувале соодветна дозвола за движење за време на воспоставениот полициски час, како мерка на Владата за заштита од ширење на коронавирусот, пренесуваат повеќе медиуми, повикувајќи се на сопствени извори.

Денес во текот на денот се очекуваат официјални информации од МВР.