Во Македонија денеска треба да пристигнат 10 илјади вакцини на „Фајзер“, а исто толку се очекува да пристигнат и наредниот понеделник. Вакцините ќе бидат доставени со авион што ќе слета во Софија, а попладне со специјален транспорт ќе бидат донесени во Скопје, според агендата што ја објави Министерството за здравство.

Досега се вакцинирани над 35 илјади граѓани.