Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека изминатата седмица, во периодот од 22 до 28 февруари, во општина Прилеп имало 315 нови случаи на ковид-19. Од последици на коронавирусот починале 10 лица.

Моментно бројот на активни случаи изнесува 658, од кои 75 лица се наоѓаат на болничко, 499 на домашно лекување, а 84 се лекуваат во дневната болница.

Во домашна изолација и самоизолација, заклучно со денеска, се наоѓаат 470 лица.

Од почетокот на пандемијата вкупниот број на заразени од ковид-19 изнесува 5.431, а од вирусот починале 264 лица.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека од почетокот на пандемијата
евидентирани се 8 случаи на реинфекција со вирусот ковид-19. Ка.М.