фото: Зоран Антоски

По три дена во кои беа евидентирани 10 новозаболени од ковид-19 во Кичево, денес од вкупниот број тестирани во земјава, не е регистриран ниту еден новозаболен во оваа општина и затоа бројката од 48 инфицирани и 39 активни случаи е актуелна и денес.

Од вкупниот број заразени во Кичево, 8 лица се излекувани, додека едно лице почина.
Останува заклучокот дека инфицираните се од познати кластери, а поради полесна клиничка слика, поголемиот дел се наоѓаат на домашно лекување.

Општинскиот кризен штаб континуирано ја следи состојбата во општината, за да не дојде до пораст на новоинфицирани од ковид-19.

З.А.