Фото: Зоран Антоски

Во Кичево состојбата со заболени од ковид-19 во изминатите 24 часа е исклучително поволна, бидејќи не е регистриран ниту еден новозаболен, додека во исто време се регистрирани четворица излекувани граѓани, со што бројот на активни случаи се спушти на 45, додека бројот на оздравени се искачи дури на 218 лица. И понатаму фигурира вкупната бројка од 275 инфицирани граѓани од почетокот на пандемијата, додека за истиот период регистрирани се и 12 смртни случаи.

Се подобрата слика и односот новозаболени и издравени лица, не е гаранција дека за многу кратко време состојбите можат да се променат и затоа од Кризниот штаб апелираат будноста и почитувањето на протоколите да биде континуирана.

– Нашите очекувања дека најголем број пациенти што беа со полесна клиничка слика брзо ќе бидат впишани на листата на оздравени, се реализира, а тој тренд очекуваме да продолжи и наредните двајсетина дена до кога овие пациенти треба да бидат симнати од листата на активни. Поволниот билтен од изминатите 24 часа, со четворица оздравени и ниту еден новозаболен, придонесе бројот на активни случаи да се спушти од 49 на 45, а бројот на оздравени од 214 да се искачи на 218 лица. Вкупната бројка на инфицирани од 275 лица останува и понатаму, како и бројката од 12 починати. По којзнае кој пат ќе повторам дека овие поволни бројки не треба да не залажуваат, бидејќи состојбите за час можат да се променат, ако имаме во предвид дека доаѓа есента, а со тоа и зголеменото зерозагадување, што ќе налага и подолг престој во затворено. Ако граѓаните не се придржуваат до препораките за носење заштитна маска, држење растојание и што помало групирање, тогаш за час состојбите можат да се променат – истакна Џабир Бајрами, член на Кризниот штаб во Кичево. З.А.