Фото: Каролина Мицевска

Во рамките на активностите за справување со пандемијата ЈП „Комуналец“ заедно останатите јавни претпријатија ќе ги мие и дезинфицира улиците во Битола и за време на полицискиот час. Ова го изјави директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски.

– Нашиот народ не случајно рекол трпение – спасение, а јас би додал и се во свое време. Тоа значи дека општинскиот кризен штаб уште од почетокот на оваа состојба ги преземаше сите мерки и активности, во рамките на своите можности и ресурси, за да помогне на сите можни начини, во однос на она што значи справување со оваа криза. Така што и во овој дел на дезинфекција на возилата кои што влегуваат во градот, на почеток имавме едно поедноставно решение, затоа што сите ние се подготвувавме со сите свои ресурси и капацитети, за оној таканаречен пик на заразата, така што го стартуваме и овој систем на дезинфекција, којшто практично од сите страни и од долниот дел на возилата и странично, а и од горниот дел на возилата, врши дезинфекција. Ова е само уште една од мерките кои што ги преземаме постојано и би послужила и како најава на она што значи утрешниот ден, во кој што имаме предвидено акција за дезинфекција на цела територија на Општина Битола. Во неа ќе бидат опфатени сите коловози, јавни и прометни површини, меѓутоа и влезовите, со влегување внатре, во самите влезови во зградите. ЈП Комуналец, заедно со останатите локални јавни претпријатија „Водовод“, „Нискоградба“, „Пазари“, но и со поддршка и помош на РЕК Битола, „Стрежево“, како и другите институции, постојано е на терен во периодот на полициски час, кога граѓаните се дома – изјави Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“ Битола. М.М.