Од Центарот за јавно здравје во Прилеп информираат дека заклучно со вчерашниот ден, во општина Прилеп има 9 случаи на ковид-19.

На домашно лекување се наоѓаат 7 лица, а две лица се хоспитализирани. Нема починати од последици на коронавирус.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 во Прилеп изнесува 8.336. Од почетокот на пандемијата, од коронавирус во градот починале 426 лица. Ка.М.