И оваа недела продолжува поволната состојба, со поголем број на оздравени, вкупно 12, и помал број новозаболени од ковид-19, шест. Како резултат на зголемениот број на оздравени, бројот на активни случаи се спушти на 85 лица, додека вкупниот број на инфицирани бележи благ пораст, и до денес се регистрирани 1.742 лица.

Здравствените работници во Кичево се задоволни од поволниот билтен на новозаболени од ковид-19, но имаат резерва кон периодот што претстои, бидејќи во земјава се поголем е бројот на инфицирани со британскиот вид на коронавирус, кој според досегашните сознанија е позаразен и ги инфицира и помладите категории на граѓани. Затоа е неопходна поголема претпазливост, носење на маски и што помалку масовни собирања.

– Втора недела по ред имаме поволна состојба со ковид-19 и очекуваме овој тренд да продолжи и наредните денови. Но не смееме да се опуштиме бидејќи мутираниот вирус, кој најпрво беше регистриран во Англија, присутен е кај се поголем број на лица е во земјава, а тоа значи дека е можно наскоро да го има и во нашиот град. Ако се имаат предвид сознанијата дека овој вирус е високозаразен и дека ги опфаќа и лицата од помладата популација, тогаш мораме да бидеме крајно претпазливи, ако сакаме бројот на инфицирани да не го повтори есенското сценарио, кога во нашиот град имавме околу 500 активни случаи – нагласи Џабир Бајрами, член на кризниот штаб. З.А.