Фото: Зоран Антоски

За да им излезе во пресрет на вработените во ОВР Кичево, во периодот кога се води беспоштедна борба со коронавирусот, Општина Кичево на полициските службеници од овој град, на привремено користење им отстапи две патнички моторни возила, што ќе им бидат од драгоцена помош за да одговорат на сите обврски во наредниот период, кога ќе продолжи беспоштедната борба со невидливиот непријател ковид-19.

– Две наши возила на неодредено време ќе им бидат отстапени на вработените во ОВР Кичево, за да можат целосно да одговорат на обврските што ги имаат во периодот кога се води беспоштедна борба во сузбивање на пандемијата од коронавирусот. И на овој начин ќе се погрижиме нашата општина да биде една од водечките, во која сѐ уште нема заразени од овој смртоносен вирус. По завршувањето на овој циклус возилата ќе им бидат вратени на општината на понатамошно користење – информираа од ЕЛС Кичево.

Инаку Кичево е една од поголемите општини во земјава каде за среќа сѐ уште нема заразени од коронавирусот, но на сите нивоа се вршат комплетни подготовки за да се задржи овој статус.