ОВР Кичево поднесе кривична пријава против К.М.( 65) од Кичево ,поради сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот на 20 април во 11 часот бил затекнат на булеварот „Ослободување“ и при извршената контрола од страна на полициски службеници констатирано е дека нема соодветна дозвола за движење во време на полициски час издадена од надлежен орган, и не ја почитувал одлуката за забрана за движење на населението од 16 до 5 часот наутро.

Во текот на изминатото деноноќите две лица од Кичево не го почитувале полицискиот час. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик„ непостапување според здраствени прописи за време на епидемија“. Во истиот период не се регистрирани сообраќајни незгоди ниту кражби. Полициските службеници во изминатото деноноќие извршиле контроли и кај 8 лица во самизолација, како и 95 контроли врз угостителски и други објекти на ниво на СВР Охрид. З.А.