Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп нема нови случаи на коронавирус, а две лица оздравеле од заразната болест.

Бројот на активни случаи изнесува 51, од кои 36 се наоѓаат на домашно, а 15 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓа 51 лице.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 333. Ка.М.