Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје седум, во Куманово шест, Прилеп двајца пациенти и еден оздравен пациент во Велес.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 89-годишна возраст, хоспитализиран од 4 мај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес на 72-годишна возраст починат на 13 мај во ГОБ „8 септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април.

Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на ковид-19 и тоа по три во Скопје и Прилеп, по два случаи во Куманово и Велес, еден случај во Битола, а најмногу односно шест случаи во Тетово.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 225 теста се направени во рамките на скринингот од градинките.

Преку ИЈЗ тестирани се 135 лица од Битола, каде е регистриран еден позитивен случај, а преку МАНУ тестирани се 90 лица од Скопје и сите се негативни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.740, бројката на оздравени пациенти е 1.251, на починати е 97, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 392.

Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 592, активни 134
• Куманово – 413, активни 43
• Дебар – 51, активни 0
• Штип-35, активни 1
• Прилеп –193, активни 63
• Тетово – 131, активни 68
• Струга – 69, активни 6
• Велес – 113, активни 49
• Битола –26, активни 7
• Охрид –17, активни 2
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –19, активни 3
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка- 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 4
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 1
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 1
• Виница – 2, активни 0
• Кратово-2, активни 2
• Берово-1, активни 1

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се тројца пациенти, а вкупно хоспитализирани 44. На кислородна поддршка се 23 пациенти, на механичка вентилација е еденпациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се шест нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 23. На респираторна машина се шест пациенти и уште двајца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани четири, на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно четири лица, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 48 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.