Фото: Игор Бансколиев

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на ковид-19: Скопје – 16, Тетово – 15, Куманово – 8, Гостивар – 7, Битола – 6, Кичево – 5, Дебар – 4, Струмица – 3, Прилеп, Штип и Свети Николе – по 2, Охрид, Гевгелија , Радовиш и Берово – по 1.

Регистрирани се 17 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Тетово – 5, Куманово – 2, Кичево и Кавадарци – по 1.

Регистрирани се по едно починато лице од Скопје и од Кичево. Двајцата пациенти се од возрасната група над 60 години и двајцата се починати во болнички услови.

Направени се 4.582 тестови преку: ИЈЗ-103, ЦЈЗ Скопје-43, ЦЈЗ Битола-83, ЦЈЗ Прилеп-38, ЦЈЗ Тетово–30, ЦЈЗ Куманово–30, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–23, Жан Митрев (Филип Втори)-55, Авицена-350, Биотек-180, Систина-84, лабораторија Лаор-363, Синлаб-24, Ремедика-13, Плодност–30, Генеа–23, Никоб лаб-1.049, ВФВ Медикал-53, Ели Медика-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.987.

Досега во земјата се направени вкупно 971.395 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.299 бројката на оздравени пациенти е 150.350, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 456.

Според епидемиолошките анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно)/Активни случаи (вкупно)
Скопје 6.8874/146
Куманово 8.936/52
Прилеп 8.340/12
Тетово 7.426/116
Битола 6.327/17
Велес 5.479/5
Гостивар 5.219/30
Кавадарц 5.157/1
Охрид 5.027/8
Штип 4.966/5
Струмица 4.137/11
Струга 2.986/5
Кочани 2.799/6
Кичево 2.614/13
Гевгелија 2.197/2
Неготино 2.184/0
Свети Николе 1528/3
Ресен 1.234/0
Крива Паланка 1227/0
Радовиш 1164/3
Берово 1033/1
Делчево 974/1
Дебар 959/15
Виница 886/0
Пробиштип 789/0
Валандово 671/4
Богданци 494/0
Крушево 490/0
Демир Хисар 400/0
Демир Капија 396/0
Кратово 377/0
Македонски Брод 359/0
Пехчево 269/0
Македонска Каменица 249/0
Дојран 132/0
Вкупно 156.299/456