Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има два случаја на заболени од коронавирус, а по еден новозаболен е регистриран во општините Долнени, Крушево и Македонски Брод.

Бројот на активни случаи изнесува 58, од кои 42 се наоаѓаат на домашно, а 16 на болничко лекување.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 15 лица позитивни на коронавирус, тројца од нив се на кислородна поддршка.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат вкупно 85 лица. Ка.М.