фото: Зоран Антоски

Бројката на инфицирани од ковид-19 во Кичево е во благ пораст. Денес се регистрирани двајца новозаболени од коронавирус, по што вкупниот број порасна на 40.

Од оваа бројка 34 се активни случаи, петмина граѓани се излекувани, додека едно лице почина.

Новозаболените се лица од познати кластери, а поради лесна клиничка слика поголемиот дел инфицирани се наоѓаат на домашно лекување, додека помал дел се на инфективното оделение во Битола.

Општинскиот кризен штаб будно ја следи состојбата, за да не дојде до забрзан пораст на новоинфицирани од ковид-19.

З.А.