Граѓаните што ќе бидат вратени во земјата со чартер-летови, ќе имаат обврска да си ги платат авионските билети, информираат од Министерството за надворешни работи.

– Со оглед на притисокот врз буџетот предизвикан од кризата со коронавирусот, Владата одлучи граѓаните што ќе бидат вратени во земјата со чартер-летови организирани од државата, да добијат обврска за плаќање на своите авионски билети – наведуваат од МНР.

Во моментот се разгледува можноста за одложено плаќање на рати.