Фото: Маја Јаневска-Илиева

Министерството за здравство информирa дека од 3 јули заклучно со 10 јули ќе биде во функција веб-страница за регистрација само за оние граѓани што се вакцинирале во странство и сакаат да се ревакцинираат во Македонија.

– Преку регистрацијата на граѓаните на https://vakcinacija.mk/revaccination ќе може да добиеме детален увид за колкава бројка станува збор, со кои вакцини се вакцинирани и кога треба да се ревакцинираат. Страницата за регистрација за ревакцинација ќе биде отворена една недела по што ќе биде затворена регистрацијата. На овој начин ќе ги прецизираме количните и типот на вакцини што ќе ни бидат потребни – објаснуваат од Министерството.

Од таму нагласуваат дека најголем предизвик за ревакцинација на овие граѓани е фактот што дозите не можело досега да се планираат бидејќи Министерството не можело да знае со што ќе располага во моментот кога тие треба да се ревакцинираат.

– Со вакцината на „Астра зенека“ во земјата ќе се ревакцинираат единствено граѓаните над 60 години. За сите други граѓани, по регистрацијата на веб-страницата, ќе направиме обид да се обезбедат доволни количини вакцини по што ќе информираме прецизно во јавноста – велат од Министерството за здравство.