Од денеска ставени се во функција сите 14 пунктови за тестирање за коронавирусот и тие се објавени на веб-страницата на „Мој термин“, информираше министерот за здравство, Венко Филипче. Со ова, во процесот се вклучуваат речиси сите 1.200 матични лекари во државата.

– Секој граѓанин може да се јави кај матичниот лекар и да ги каже своите симптоми. Согласно податоците и алгоритмите, матичниот лекар ќе каже дали лицето треба да се тестира и ќе го одреди степенот на итност, па според тоа ќе се закаже и терминот за тестирање – рече министерот за здравство.

Во Скопје, пунктови за тестирање се поликлиниката „Јане Сандански“ и поликлиниката во Ченто.

Во врска со употребата на антибиотикот сумамед, Филипче рече дека од денеска лекот ќе може да се купи само со бел рецепт, односно на товар на Фондот за здравство, со оглед на големата потрошувачка на овој лек.

– Од лекот има доволно количини и апелирам граѓаните да не прават залихи и на своја рака да користат антибиотска терапија – рече Филипче.