Градоначалникот на Новаци, Љубе Кузмановски, е позитивен на ковид-19, како што информираше тој преку Фејсбук. И покрај тоа што, како што вели, ги презел сите мерки на заштита, тестовите сепак покажале дека тој е позитивен на ковид-19. Кузмановски се наоѓа во домашна изолација. 

– Би сакал да Ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги преземав за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вчера добив позитивен резултат за ковид-19. Клиничката слика ми е добра, со благи
симптоми на кашлица и веќе сум во домашна самоизолација. Сите службени обврски и работни активности ќе ги извршувам од дома. Почитувајте ги препораките и мерките пропишани од Министерството за здравство и Владата, бидејќи само на тој начин ќе се заштите вие, вашите најблиски но и целото опкружување. Чувајте се! – напиша Кузмановски. М.М.