Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, објави дека е позитивен на коронавирусот. Тој вели дека во Куманово се потврдени нови 40 случаи и повикува на дисциплина кај населението.

– Сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги сограѓани помеѓу кои сум и јас. Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против оваа заедничко зло, знам дека ќе го победиме, убеден сум во тоа, ве молам за воздржаност, нема простор за паника, барам од вас дисциплина, почитување на мерките и препораките за социјална дистанца – посочува Димитриевски.

Тој повикува граѓаните да ги почитуваат мерките.

– Ве молам, од душа и срце ве молам, почитувајте ги мерките, избегнувајте ги блиските контакти, здравјето ни е најбитно, така ќе победиме сите. Нема простор за паника, ОШЗС ќе продолжи со својата работа во борба против Короната по препораките на епидемиолозите и стручните лица. Чувајте ми се и мислете и на себе и на своите најблиски, мислете на сите околу вас, јас останувам со вас до конечна победа – пишува Димитриевски.