Фото: Игор Бансколиев

Уште еден пациент со индиски сој на ковид-19 е регистриран во државата. Индискиот сој на ковид-19 е регистриран кај пациентот што бил на работа во Ирак и е колега со првооткриениот случај со овој мутиран сој во државата. Пациентот не е во ризик, неговата состојба е под контрола.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера напомена дека епидемиолошките анкети што се правени покажале дека не постои ризик, а со тоа и некаква потреба од некакви дополнителни мерки.

Тој уште еднаш потенцираше дека сите вакцини штитат од тешка форма на болеста или од смртен исход, дури и од таква мутирана форма на вирусот.