Министерството за надворешни работи информира дека денес организираше враќање во Македонија на 118 македонски граѓани од Малта, а во попладневните часови ќе бидат превезени и наши граѓани од Загреб.

– Репатријацијата беше организирана со летови на авиопревозникот „Визер“ којшто за овие две дестинации на јавниот повик од Владата на Република Северна Македонија понуди најниска цена за авио билетите. Граѓаните се обврзани сами да ги покријат трошоците за авио-превозот, додека задолжителниот 15 дневен карантин којшто беше еден од условите за нивна репатријација, е на товар на државата – соопшти Министерството за надворешни работи.

На овие летови ќе бидат превезени и девет странски државјани, и тоа по четворица од Хрватска и Црна Гора и еден од Косово.

– МНР продолжува со напорите за помош при враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани без регулиран престој во странство – се наведува во соопштението.