Вработен во Општина Кисела Вода е заразен со вирусот ковид-19, а пет негови колеги се во изолација, соопштија од Општината.

Кризниот штаб денеска одржа состанок на кој биле разгледани можните ризици заради настанатата ситуација.

– За состојбата во Општина Кисела Вода информиран е Центарот за јавно здравје од каде се добиени препораки за понатамошно постапување. Општина Кисела Вода соопштува дека до 12 мај кога завршува карантинот на петте вработени лица кои биле во контакт со заболеното лице, Општината нема да работи со странки – соопштија од Општината.