Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека резултатите од направениот скрининг на вработените во детските градинки, не само во општината Прилеп, туку и во Крушево, Македонски Брод и Кривогаштани, покажале дека 242-та вработени се негативни на коронавирус. Скринингот се изврши минатата недела.

-Поединечно по општини – Во Прилеп се негативни 192, Крушево 21, Македонски Брод 24 и Кривогаштани 5 – потенцираат надлежните.

Инаку, општина Прилеп денеска нема ниту новозаболени, ниту оздравени од коронавирус, додека бројот на активни случаи е 30. На Инфективното одделение во прилепската општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се пет лица позитивни на коронавирус. Во самоизолација се наоѓаат 50 лица, а заради неносење заштитни маски, на 14 граѓани им се изречени прекршочни казни. Ка.М.