Во старскиот дом во Прилеп денеска започна вакцинацијата на штитениците згрижени во него. Според директорот Мики Крстев денеска биле вакцинирани 63 лица. По празниците треба да се вакцинираат уште 23 од вкупно пријавените 86. Вакцинацијата ја вршеше екипа од Здравствениот дом.

– Започна имунизацијата на штитениците во Домот. Од 115, за вакцинација се пријавија 86. Денеска се вакцинираа оние над 60 години, а по празниците и другите кои се под 60-годишна возраст. Досега успеавме да ги заштитиме станарите во домот и немавме
заразени. Имаше еден од штитениците, но со лесни симптоми. Со имунизацијата ќе може
поскоро да се вратат во нормалното живеење и ќе имаат можност да имаат средби со
членовите од семејствата. Мерките за заштита во Старскиот дом остануваат – изјави денес Мики Крстев, диркетор на СД „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп. Ка.М.