Фото: Игор Бансколиев

Единаесет скопски општини во моментов имаат троцифрен број на лица заразени со коронавирус.

Вкупно, во главниот град, активни се 1.909 случаи на заразени.

Од инв , најмногу се од Чаир (275), Гази Баба (206) и Аеродром (200).

Над 100 заразени има во Карпош (174), Центар (162),  Кисела Вода (158), Бутел (140),  Ѓорче Петров (120), Сарај (115), Студеничани (109) и Шуто Оризари (105).

Подоле се Арачиново со 33 заразени, Илинден-25, Петровец-22, Сопиште -20, Зелениково-13, Чучер Сандево-11.

Седум заразени се странци, а 14 се водат како нераспределени.