Фото: Игор Бансколиев

Од новите 182 потврдени случаи на ковид-19, 107 се од Скопје, покажуваат најновите податоци од Министерството за здравство. Според нив, најмногу заразени има во Чаир -336, што е за 30 повеќе од вчера, потоа следат Гази Баба – 128, Аеродром – 125, Центар – 121, Бутел – 118, Сарај – 105, Карпош – 103 итн.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4664, бројката на оздравени пациенти е 1836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.612.