Во Прилеп денска се регистирани 11 нови случаи заразени од ковид-19, едно лице е починато, а две се заразени во соседната општина Долнени. Од почетокот на месец август досега има нови 92 случаи посочија на денешната прес-конференција од Центарот за јавно здравје Прилеп.

– Ова е очекувана состојба, која континуирано ја следиме. Време е на годишни одмори, се намали внимателноста и 64 отсто или две третини од новозаразените се последните два дена и од изминатата недела. Триесет и еден отсто од новозаразените се на
возраст од 20 до 39 години. Има голем број на асимтопатски кои го пренесуваат
висурот кај повозрасните. Дваесет и две новозразени лица се на возраст од над 60 години. Имаме детектирано осум активни кластери со 52 заболени лица, кои сите се на домашно лекување. Моментно во болница на лекување се 14 лица. Починатиот е на 81 година и со претходни болести – вели епидемиологот Татјана Станимировиќ од ЦЈЗ Прилеп, посочувајќи дека заразувањето се должи на семејни собири, а пак
некои од заразените случајно се откриваат при тестирање заради патување.

Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски на прес-конференцијата посочи дека по зголемениот број на новозаразени од ковид 19 денеска одржал средба со директорите на основните и средните училишта за да се преземат мерки за безбедност не само за учениците, туку и за наставниот кадар, без оглед кога ќе започне новата учебна година и ќе биде донесена одлука како ќе се одвива наставата.

– Потребно е активно вклучување на училишните одбори и советот на родители за почитување на превентивните мерки. При тоа апелирам до младите и сопствениците на угостителските мерки за почитување на заштитните мерки. Побарав банките да ги засилат редарските служби за поголема организираност. Засилена е постапката за дезинфекција во пазарот. Полицијата ќе биде поприсутна низ градот. Поголемата дисциплина ќе придонесе за поголема заштита – рече Јованоски, истакнувајќи дека во јули имало 70 заразени а сега 92.

Инаку, вкупната бројка на заразени во Прилеп од почетокот на вирусот е 425. Ка.М.